Сите членки на „Вина од Македонија“ го исплатија преземеното грозје во законскиот рок

Од:

Здружението „Вина од Македонија“ денеска соопшти дека сите негови членки во целост го исплатија откупеното винско грозје од бербата 2015 година во законски утврдениот рок, 30 април 2016 година.
Здружението бара прецизно и со име да се посочуваат винарниците и откупувачите кои не ја завршиле навремено и во целост својата законска обврска за исплата на грозјето од бербата 2015 година.
Винарските визби Тиквеш, Стоби, Сковин, Далвина, Риго Импекс, Бовин, Винарија Попов, Камник и Дудин, минатата година откупија околу 76 милиони килограми грозје, за што беше платено повеќе од една милијарда денари. Притоа, зависно од квалитетот на предаденото грозје, поединечните цени се движат од 12 до 20 денар за килограм.
Здружението, како што наведува, се потпира на принципите на професионална соработка, заемна доверба и почитување на законите, поради што, иако со крајни напори и во отежнати услови за стопанисување, грозјето беше исплатено во законскиот рок.
– Бараме и очекуваме, во име на објективно информирање на јавноста, сите винарии и откупувачи кои не ја завршиле својата законска обврска навреме да бидат посочени со точен назив. На тој начин, нема да се дестимулираат откупувачите кои навреме и во целост ги почитуваат преземените обврски и ќе се испрати порака за еднакви услови на стопанисување за сите субјекти на пазарот, порачува Здружението.
Истовремено, „Вина од Македонија“ ги повикува сите страни вклучени во организацијата на откупот на грозјето на дијалог за новонастанатите услови по скратувањето на рокот за исплата на грозјето за три месеци, со цел навремено да се изнајде нов бизнис модел кој ќе гарантира одржлив развој на целокупната винска индустрија и лозарството во Македонија.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза