А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Системот за топлинска енергија во Скопје подготвен од понеделник да почне грејната сезона

by А1он28/09/2018 - 13:55254
Share0

Производителите и дистрибутерите на системот за топлинска енергија во Скопје се подготвени од 1 октомври да ја почнат грејната сезона доколку продолжат ниските температури, најави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски.

Добивај вести на вибер

– Со правилата за снабдување со топлинска енергија е предвидено грејната сезона да започне од 15 октомври. Доколку има намалување на температурите најрано што може да започне е 1 октомври. Добивме известување дека доколку темературите се под 12 степени целзиусови производителите и дистрибутеритена топлинска енергија сеподготвени грејната сезона да ја почнат од понеделник, изјави Бислимовски.

Нагласи дека грејната сезона не може да почне во септември, бидејќи тоа е наведено во правилникот, а и со прерано започнување на сезоната и со невообичаени режими на топланите, нагласи, непотребно ќе се зголемат нивните трошоци што подоцна ќе се изрази врз крајната цена што треба да ја платат потрошувачите.

– Домовите се се уште загреани заради топлото време во изминатиов период и нема реална потреба да започне грејната сезона во септември, бидејќи би биле единствена таква земја во регионот. На крајот сите трошоци кои во необичаени режими нар абота се даелеку повисоки од вообичаените ќе треба да ги платат граѓаните преку зголемување на цената за топлинска енергија, рече Бислимовски.

Во наредниот период, како што потенцира, ќе се прават нови правила за снабдување со топлинска енергија и ќе се разгледа можноста грејната сезона да може да отпочне дури и пред 1 октомври, но пред се, додаде, ќе мора да го со гледаме финансиското влијание што ќе го има врз вкупните трошоци за работење.

Повикот од БЕГ граѓаните да ги проверат системите за греење во домот и да ги пријават евентуалните дефекти во инсталацијата, Бислимовски го оцени како добар и вообичаен.

– БЕГ сега има посебна служба која работи на отстранување на дефектите кај граѓаните со цел на почетокот на грејната сезона да не се соочиме со пукање на вентили кои подоцна ќе направат значително поголеми трошоци кај домаќинствата, рече Бислимовски.

grejna sezonaparnoskopje

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Горан Наумовски30/10/2025 - 20:26

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски29/10/2025 - 07:5829/10/2025 - 07:59

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски27/10/2025 - 07:4627/10/2025 - 10:36

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Горан Наумовски22/10/2025 - 15:48

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Горан Наумовски19/10/2025 - 07:29

ЕСМ: Од 15 октомври официјално почнува грејната сезона

Горан Наумовски13/10/2025 - 12:4313/10/2025 - 13:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен