Синоќа весело на Градскиот плоштад, вечерва дочек на Нова година со Даниел Кајмакоски

Од:

И покрај ниските температури, синоќа весело на Градскиот плоштад каде започнаа главните настани од проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.’

По денската забава и трката на Дедомразовците во која најбрз беше Христијан Јованоски, синоќа, од 19:00 часот, на главната сцена на Градскиот плоштад во Охрид и официјално започна новогодишниот викенд.

Забавата започна со младата Dj Јана Ѓорѓиевска, по што настапија и Мартин Мила, Емилија Петреска и Билјана Буџакоска од OhridSUPERSTAR, за музичкиот дел да заврши со Dj-сет на Dj Јане од Супер радио. Гостите на плоштадот ги забавуваа и Баскер уметниците како дополнение на убавата вечер.

На малата сцена, во куќичката на плоштадот денес имаме посебна програма за најмладите, а вечерва на главната сцена е организираниот дочек на Нова година со богата програма.

Ѕвезда на вечерта е популарниот Даниел Кајмакоски, а покрај него ќе настапат и Анита Мицова, Ансамбл Билјана, Ирма Гогова и Ивана Коскоска од OhridSUPERSTAR и Dj Regie Rulles. Баскер уметниците повторно ќе ги забавуваат присутните, предвидено е и обраќање на Градоначалникот Јован Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Охрид

ВИДЕО: Конечно и во Скопје, без огномет за дочекот на Нова година

Катерина Ѓуровски

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид