Во Скопје на ул.“16.“, во населбата Ченто, синоќа во 22.45 часот непознати лица со огнено оружје пукале во куќата сопственост на А.Ф. (44), кој во моментот бил дома со семејството.
МВР денеска соопшти дека нема повредени лица, а од пукањето бил оштетен прозорец и фасадата од куќата.
На главната улица што минува покрај куќата пронајдени биле 13 чаури од пиштолска муниција со непознат калибар.
Причината за пукањето до овој момент не е позната. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.