Синоќа кај ТЦ „Сити Мол“ со пајак подигнати 21 автомобил, изречени 26 казни

Од:

Полицијата синоќа во рамки на контрола на улиците кои гравитираат околу ТЦ ,,Сити Мол“ во Скопје за да овозможи нормално одвивање на сообраќајот подигнала 21 моторно возило со специјално возило „пајак“ и врачила 26 мандатни платни налози. Од нив седум платни налози биле за паркирани возила на коловоз, седум платни налози за паркирани возила на тротоар, зеленило и дванаесет платни налози за паркирани возила на автобуско стојалиште.

Полициската акција се реализирала синоќа во периодот од 19:00 до 23:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози