Синдикатот за здравство и фармација апелира граѓаните да се воздржат од организирање настани и верски манифестации

Од:

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита апелира до граѓаните да се воздржат од организирање настани и верски манифестации.

– Вработените во здравството заедно со вработените од полицијата и одбраната, беа, се и ќе останат на првата борбена линија на заштита на здравјето на граѓаните, но во надминување на состојбата ни е потребна заедничката соработка и солидарност од сите нас. Почитувањето и придржувањето кон мерките за заштита, значи зачувување на сопственото здравје, здравјето на нашето семејство и на сите нас, се вели во денешното соопштение.

Синдикатот препорачува да се почитуваат мерките и препораките бидејќи само така заеднички може да победи вирусот.

– Вработените во здравството несебично го даваа својот придонес во изминатиот период ризикувајќи ги и своите животи, дел и заболеа од вирусот за да спасат други животи, па затоа е неопходно да не дозволиме ширење на вирусот, да ги почитуваме мерките и заедно да бидеме победници. Само така можеме да ја извојуваме победата и што побрзо да го вратиме нормалното живеење, наведува Синдикатот.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните