Синдикатот на одбраната се жали на условите за работа, бара оставка од министерката Шекеринска

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска да поднесе неотповиклива оставка, а трудовиот и санитарниот инспекторат да да излезат на терен да извршат увид во објектите на Армијата и Министерството за одбрана.

Ова денеска го побара Синдикатот на одбраната и безбедноста на прес-конференција повикувајќи се на лошите услови во касарните и, како што велат, намерното непочитување на правата на вработените во МО и АРМ.

– Покрај овие катастрофални услови за работа, припадниците на МО и АРМ се доведени на состојба на преживување, најмногу поради ниските плати кои не ни овозможуваат достоинствен живот на нас и нашите фамилии. За ваквата состојба е заслужно самото Министерство за одбрана, истакна претседателот на Синдикатот, Ристо Ајтов.
Според него, Министерството за одбрана подолг период не исплатило надоместоци на плата за работа на празник, во ден на неделен одмор, работа во смени, за ноќна и прекувремена работа. Ајтов вели дека наместо тоа на припадниците на Армијата им се даваат слободни денови. Синдикалците сметаат дека за сметка на неисплаќањето на надоместоците на вработените на вработениоте во МО и Армијата, на тимот на министерката редовно им се исплаќаат прекувремени часови како и разни награди. Најдобар показател за состојбата во Армијата, рече тој, е податокот дека од почетокот на 2019 година МО и АРМ ги напуштиле 250 до 300 припадници.

Претседателот на Синдикатот побара зголемување на платата во МО и АРМ за 10 проценти и нагласи дека се подготвени на премиерот да му понудат нов минитер, но не го откриваат името.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација