Синдикат на Клинички центар: Во партиските програми јасно да биде дефинирано планираното зголемување на платите на здравствените работници

Од:

Двојно зголемување на платите на здравствените работници и соработници во текот на четиригодишниот мандат, како и на помошно-техничкиот и административниот персонал, изземање на здравствената администрација од останатата јавна администрација, паркингот на Клинички центар да е бесплатен за вработените или да биде најмногу 200 денари, бенефициран работен стаж за здравствените работници и соработници, годишниот одмор да се зголеми за 10 работни дена, односно законски одредениот максимален број денови за годишен одмор да изнесува 36 работни дена.

Ова се дел од барањата со кои Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар пред почетокот на изборната кампања сака да ја информира јавноста, како и партиите, и кои треба да бидат вклучени во нивните изборни програми во делот на здравството.

Од Синдикатот бараат да се донесе Закон за докторска дејност, кој ќе ја утврди основната нето плата на докторите преку коефициентите од 2,5 до 3,8 помножени со просечната плата, согласно Предлог текстот од Лекарска комора од 21.04.2016 година, да се донесе Закон за сестринска дејност и Ковид 19 да стане професионално заболување за вработените во здравството.

Од Синдикатот посочуваат дека во принцип се задоволни од остварените зголемувања на платите на вработените во Универзитетскиот клинички центар и во другите јавни здравствени установи, но, како што наведуваат, со сите зголемувања, доктор специјалист во Клинички центар има 55.370 денари основна нето плата, медицинска сестра со средно стручно образование 22.701 денар основна нето плата, а медицинска сестра со високо образование 27.857 денари основна нето плата, што е далеку од ветените 100.000 денари плата за доктор специјалист, и двојното зголемување на платите на медицинските сестри.

– Неоствареното на ветеното, министерот за здравство јавно го прикриваше со прикажување на податоци на бруто плата, „просечна бруто плата“ (непознат термин ниту во законските одредби, ниту во колективните договори кога се зборува за плата), а особено со прикажување на бруто плати на исклучително мал број доктори, кои оствариле огромен број месечни дежурства од кои некои и актуелни директори на клиники, но и доктори кои прекувремено работеле во други јавни здравствени установи во државата, поради недостиг на специјалисти во тие установи. За појаснување, дежурството не е дел од основната плата и полното работно време содржани во договорот за вработување, туку е додаток на плата и е прекувремена работа. Сигурни сме дека за здравствените работници има и други, многу полесни и помалку одговорни начини за дополнителен приход од дежурство, потенцираат од Синдикатот.

Кога се говори за плата, нагласуваат од Синдикатот, секогаш се мисли на нето плата, односно на онаа плата која работникот ја добива и му е на располагање.

Според Синдикатот, не се остварил ниту ветениот бесплатен паркинг или најмногу до 200 денари за вработените во Клинички центар, како што вети министерот, ниту се реализира концептот за функционално единствен Универзитетски Клинички центар.

– Она од кое најмногу сме задоволни е новината да првпат некоја партија во својата изборна програма понуди покачување на платите на здравствените работници, кое според нас се покажа како добра практика. Со ова се создаде основа, Синдикатот на Клинички центар во изминатиот период директно да партиципира, но и за цело време да ја потсетува Владата за реализација на изборното ветување за покачување на платите на здравствените работници. Во оваа прилика на партиите јасно им укажуваме дека нашите членови нема да ги придобиете со општи и нејасни ветувања, како што се инвестирање во капацитетите на јавното здравство, вложување во нивната едукација, без притоа конкретно да се произнесете за она што нив најмногу ги засега, а тоа е јасно дефинирање на планираното покачување на нивните плати. Пандемијата покажа колку е важно да ги сочуваме здравствените работници во јавното здравство, особено во моменти кога постои голем одлив на доктори и медицински сестри од државата, стои во соопштението од Извршниот одбор на Синдикатот на Клиничкиот центар.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти