Синдикални здруженија: Да не се валка името на Дејан Ставриќ без правосилна судска одлука

Од:

Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права: Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Синдикатот на македонската дипломатска служба, Движењето за социјална правда „Ленка“ и Левичарското движење „Солидарност“ со голема загриженост ја примија веста за апсењето на доктор Дејан Ставриќ, очен хирург и довчерашен претседател на Синдикатот на клинички центар.

Со оглед дека станува збор за проминентен синдикален лидер, кој во јавноста е запаметен по отпорот кон политиките на власта и успешниот штрајк на лекарите, неговото апсење не може, а да не биде обременето со сомнежи за вистинските мотиви кои стојат зад овој чин, особено што е извршено по 1 мај и успешните протести на потписниците на Повелбата.

stavric

Апсење на претседател на синдикат во сите демократски земји, е високо сензибилен чин кој во најмала рака испраќа заканувачка порака за сите кои што се активни на полето на синдикализмот и заштитата на работничките права.

Не сакаме да навлегуваме во оценката на обвинувањата со кои се товари кои доколку се покажат како вистини во еден случај нема да ги оспориме. Сепак, согласно уставното право за пресумпција на невиност потписниците на Повелбата ќе го следат случајот и без правосилна судска одлука нека нема да дозволиме да се валка името на синдикалниот лидер доктор Дејан Ставриќ.

Би можело да ве интересира

Лекари од странство ќе ни помагаат преку телемедицина

Специјалистите ќе може да продолжат со работа до 70-годишна возраст

Тројца доктори вратиле 25 илјади евра во буџетот, им биле натплатени

Пензионирани лекари и сестри ќе можат да работат до 70-годишна возраст

ССМ ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите

Законот за вработување на најдобрите лекари влегува во сила