Синдикалната организација го доби судскиот спор против менаџментот на Мермерен комбинат-Прилеп

Од:

Основниот суд Прилеп го кажа последниот збор.Двата штрајка на работниците од Мермерниот комбинат лани биле во рамките на актуелните законски норми. Со тоа, одбиено е барањето на менаџерскиот тим на компанијата за наводно направена штета во висина од 1.500.000 денари.

Доколку судот донесеше спротивна одлука, овие средства требаше да ги плати синдикалната организација при Мермерниот комбинат. Од синдикалната организација изразуваат задоволство за исправната одлука на судот, истакнувајќи дека пресудата има големо значење не само за работниците од Мермерен комбинат туку и пошироко за синдикалното организирање во државава.

Со тоа и практично се потврди дека доколку се почитуваат меѓународните и македонските законски норми како една од формите за остварување на социјално-економските права,работниците можат да организираат прекин на работа или штрајк – изјавуваат од синдикалната организација при Мермерен комбинат.

Синдикалната организација при Мермерниот комбинат минатата година се обидуваше со преговори со менаџерскиот тим да постигне договор за зголемување на платите и подобрување на условите за работа.

По неколкуте неуспешни обиди за преговори, работниците одржаа 24-часовни прекини на работа во два наврати. Како резултат на штрајкот, менаџерскиот тим поднесе тужби за наводно направена финансиско-материјална штета и оптужби за десетина работници.

Дел од работниците добија отпремнина,а дел од нив сèуште ја бараат правдата на суд.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он