Нов обид за киднапирање дете во Ново Лисиче

Од:

Вчера во скопската населба Ново Лисиче сред бел ден била нападната жена додека го носела своето дете на лекар. Според луѓе блиски до нападнатата, жена со црна коса и наочари и пришла на неа и со цел да и го одземе вниманието ја прашувала каде се новите згради, а за тоа време, маж се обидел да го грабне детенцето кое било во количка, но за среќа тоа било врзано.

Жената почнала да бара помош, а двајцата веднаш избегале. Според информациите, во близина немало ни луѓе ни автомобили.

Претходно, мажот и жената во сина астра караван се обидоа да грабнат деца и во населбата 11 Октомври во Кисела Вода и во населбата Драчево.

Според извори на А1он и овој случај, како и претходните е веќе пријавен во полиција. Граѓаните загрижени за своите деца очајно бараат поактивен ангажман од полицијата, но досега нема никаков исход од нивното постапување.

Би можело да ве интересира

Иран: Во американските и израелските напади загинаа 208 деца

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом