Сина боја на фасадите во чест на лицата со аутизам во Струмица

Од:

Фасадата на објектот каде се наоѓаат специјалните паралелки на децата со аутизам во Струмица доби сина боја. Во пресрет на утрешниот празник, Меѓународниот ден на лицата со аутизам, ООУ „Сандо Масев“ со поддршка од општината, одвои средства за боење на фасадата во меѓународно признатата боја на оваа категорија на граѓани.

DSC_3583

– Ако треба сите фасади ќе ги обоиме сино, само да знаат лицата со аутизам дека не се сами. Ова е пораката што сакам да ја пренесам оттука. Овие лица се тука со нас, нивниот број расте и ние треба да прифатиме и да ги прифатиме во системот. Еден од начините е школувањето како неопходност. Не само основно, туку да им овозможиме и средно образование и можност за вработување, истакна претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.

DSC_3561

Тој посочи дека мошне важно е да се зголеми процентот на вработени лица со аутизам, кој сега изнесува десетина проценти, иако експертите велат дека до 70 отсто може да влезат во работен процес. Во Струмица од учебната 2006-2007 година функционира паралелка за деца со аутизам.

DSC_3531

– Секоја година напоменуваме дека секој ден вниманието треба да биде свртено кон овие деца. Тие се наша реалност. Следната декада ќе имаме исто толкав број лица со аутизам, но сега возрасни. Затоа мора да бидеме подготвени и на ниво на развој на возрасни лица треба да се направи уште многу, појасни Спасе Додевски, дефектолог-олигофренолог.

Локалните власти најавија дека од општинскиот буџет се одвоени средства за сензорна соба наменета за децата со аутизам.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите