Симулациска вежба на АРМ и Црвен крст за спасување животи при кризни состојби

Од:

Во симулација на вонреден настан со повредени и ранети заедничкиот тим на припадниците на Армијата на Република Македонија и Црвениот крст на РМ денеска покажаа како правилно се реагира за спасување животи при кризни состојби.

Заедничката активност спроведена на воениот стадион во градски парк во Скопје е завршна вежба на припадниците на АРМ и Црвениот крст по четиринеделен курс за животоспасувачи спроведен од инструкторите во одделот за медицинска обука при Воено медицинскиот центар во Скопје.

Заменикот началник на Генералштабот на АРМ Мухамед Рацај рече дека вежбата е во рамки на активностите за одбележување 25 години од постоењето и долгогодишната соработка меѓу АРМ и Црвениот крст на РМ.

– Најдобрата соработка се покажа за време на поплавите минатата година и се надевам дека оваа соработка и заеднички вежби и активности ќе продолжат, рече Рацај.

Заменикот командант на Здружената оперативна команда на АРМ Павле Арсовски рече дека несреќите и трагедиите се случуваат секојдневно и насекаде, а првата помош во најголем број ситуации значи спасување на човечки животи.

– Нема ништо похумано од благовремено и правилно укажана помош и нема ништо поодговорно од тоа да се биде подготвен и оспособен да се укаже. Денешната вежба е само една во низата заеднички активности кои во изминатите децении успешно ги демонстриравме на терен како одговор при разни катастрофи кои се случуваа во нашата земја, рече Арсовски.

Генералниот секретар на Црвениот крст на РМ Саид Саити рече дека Црвениот крст и АРМ имаат долга и плодна соработка и минатата година покажавме дека можеме заедно многу да помогнеме.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната