Симпкинс: Повеќе права и подобар третман на Македонците во Албанија

Од:

Усвојувањето на европските закони за заштита на малцинствата во Албанија, токму за малцинствата не значат ништо затоа што тие се уште не се спроведуваат од страна на државата. ЕУ треба одблизу да го испита третманот на Македонците и другите малцинства, особено со прближувањето на општите избори во јуни.

Ова го наведува Лук Симпкинс, австралиски пратеник и лобист за Македонија, во писмото кое вчера му го испратил на амбасадорот на ЕУ во Тирана.

Писмото следи по посетата на Симпкинс на 13. јануари на општината Пустец во Албанија, каде живее голем дел од македонското национално малцинство во оваа земја, а за време која главно се интересирал за нивните права и заштитата на малцинствата.

– Се чини дека политиката „или асимилација или напуштање на Албанија“ почнува да станува дел од официјалната политика на Владата во Албанија. Општините во кои не живеат Албанци добиваат само дел од финансиската поддршка која Владата им ја дава на општините на етничките Албанци, смета Симпкинс.

Во писмото тој пишува и за растот на популарноста на националистичката партија Црвено црна алијанса, чии приврзаници неодамна предизвикаа сериозни инциденти во Пустец. Според него, порастот на национализмот во земјата може да резултира со понатамошни притисоци врз малцинствата, а се осврнува и на неодамна спроведениот цензус во Албанија.

– Освен тоа што ова население се соочува со заканите од членовите на оваа партија, забележав дека и начинот на кој беше спроведен неодамнешниот попис во оваа земја беше со многу грешки што отвора сериозни сомневања за вистинитоста на податоците за бројноста на малцинствата во Албанија.  Ми беше речено дека на Македонците, околу 100 илјади во Албанија, не им било дозволено да ја искажат својата национална припадност, стои во писмото.

Симпкинс до амбасадорот на делегацијата на ЕУ во Албанија и со очекување да ги слушне неговите ставови во врска со ова прашање.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски