Симпатизери на ДУИ се заканувале на екипа на ТВ Шења

Од:

Симпатизери на ДУИ од населбата Дуќанџик во Чаир, упатиле закани до екипа на ТВ Шења поради прилози емитувани за проблемот со големата дупка која што е отворена веќе неколку недели, а која претставува опасност за локалното население. Истите тие лица, претходно и се заканувале и на граѓаните кои даваа изјава пред камерите на телевизијата, велат од таму.

Од Шења за А1он велат дека три лица кои што се изјасниле како симпатизери на ДУИ, го попречиле снимањето на нивната екипа дури упатиле и закани, порачувајќи да не емитуваат уште еден прилог за ова. Истите овие лица, во текот на вчерашниот ден, им се заканувале и на жителите на населбата кои што давале изјави за Тв Шења.

ТВ Шења јавно го поканува раководството на општина Чаир и градоначалникот Изет Меџити, да преземат мерки во врска со засегнатите лица. Исто така, ги покануваат и надлежните да реагираат во врска со ова прашање, како и Здружението на новинари на Македонија.

Алексадар Тодески

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата