Симнати препораките за превривање на водата од изворот Студенчица

Од:

Откако беа упатени препораки до граѓаните на општина Прилеп за превривање на водата пред употреба за пиење, по две недели надлежните ги симнаа препораките, со што водата од изворот Студенчица може нормално да се користи.Препораките се однесуваа на околу 230.000 жители и корисници на водата од изворот.

Директорот на јавното комунално претпријатие, Сашо Николоски, истакна дека квалитетот е на задоволително ниво и заматувањето што го имаше водата се надмина,потенцирајќи дека постојаните контроли ја гарантираат безбедноста на водата за пиење.

Надлежните истакнуваат дека ваков сличен случај со заматување на водата имаше во март минатата година,објаснувајќи дека настанува како резултат на високите температури, кои доведоа до нагло топење на снегот.

Би можело да ве интересира

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Зголемена потрошувачка на вода, во делови од Скопје рестрикции и намален притисок