Симфони Солушнс – холандска инвестиција во ИТ секторот

Од:

Холандската ИТ компанија за висококвалитетни софтверски решенија Симфони Солушнс од денеска и официјално започна со работа во Македонија. Засега вработува триесетина ИТ експерти, а до крајот на следната година се планирани околу 200 вработувања.

Компанијата има свои развојни центри во Украина и Полска, а сега и во Македонија. Нејзините главни клиенти доаѓаат од западноевропските земји, САД и Канада.

Сопственикот на ИТ компанијата Симфони Солушнс, Тео Шифник истакна дека ова е особено важен ден за него и оти тој се поклопува со Денот на Европа – 9 Мај, а Холандија, од каде што доаѓа, во моментот претседава со Европската унија. Неговата компанија има околу 3.000 вработени и тоа најмногу во Украина, имаат канцеларии и во Полска, додека во Македонија во моментов има повеќе од 30-ина вработени, а до крајот на следната година планот е седиштето на компанијата во земјава да брои околу 200 лица.

Шифник најави и нови канцеларии на Симфони Солушнс, како што рече, во близина на реката Вардар, кои ќе посетуваат на познатото Амстердам гранд кафе. Првично неговите планови биле својот бизнис да го прошири во Бугарија, но, како што посочи, по разговорите со македонскиот амбасадор во Украина, тој одлучил да ги разгледа условите за инвестирање и бизнис во Македонија.
– Многу бев изненаден од големиот број висококвалификувани студенти и искусни професионалци во ИТ-секторот. Македонија е се уште неизбрусен дијамант во однос на ИТ-секторот којшто е многу важен за инвестирање и за развој на една држава, а тоа ќе значи голем бум за Македонија, рече сопственикот на холандската ИТ компанија Симфони Солушнс.
Министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески на промоцијата на инвестицијата истакна дека како резултат на владините политики за привлекување на странски инвестиции, покрај многубројните гринфилд инвестиции, последните години се бележи и континуирано зголемување на странски инвестиции и во информатичкиот сектор.
– Оваа инвестиција е уште една потврда дека Македонија има голем потенцијал што придонесува за атрактивноста на земјата да привлече други компании од оваа индустрија. Овој сектор има значаен удел во градењето на БДП на земјата и еден од секторите кои најмногу придонесува за намалувањето на невработеноста, посебно на млади високообразовани лица, зголемен технолошки развој, како и зголемување на обемот на производи со поголема додадена вредност што претставува најбрз пат за забрзан економски развој, изјави Павлески.
Според министерот, просечната плата во компанијата Симфони Солушнс ќе биде многу конкуретна на пазарот. 
На промоцијата на инвестицијата присиствуваа и премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. 
Димитриев истакна дека оваа инвестиција е уште еден показател дека Владата работи на привлекување инвеститори во различни сектори вклучувајќи го тука и ИТ-секторот.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза