Силувано 13-годишно дете во Кочани

Од:

51-годишниот К.А од Кочани силувал малолетник на 13-годишна возраст.

Вчера момчето, во присуство на неговиот чичко, во Полициската станива , Кочани пријавиле дека пред една недела, додека си играл на улица со неговиот 15-годишен другар биле повикани од нивниот сосед К.А., ветувајќи им дека ќе им продаде мобилен телефон за многу ефтина цена.

Момчињата влегле во неговата куќа по што К.А.кој живеел сам, ја заклучил влезната врата и со употреба на физичка сила го турнал 13-годишното дете на креветот, му ги соблекол панталоните и извршил обљуба над истиот.

Другото момче успеало да се спротивстави, ја отклучило вратата по што и двете деца побегнале.

Против лицето К.А ќе биде поднесена кривична пријава. На 17 овој месец во кочанската полиција од страна на мајката на К.А. било пријавено дека тој е изчезнат, по што е распишана потрага и истиот во моментот е недостапен за службата.

 

Би можело да ве интересира

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Пријавен обид за грабнување деца од училиште во Карбинци

Анита Петровска Рајковиќ

Родители бараат да се постават камери во градинка во Дебар: Сакаме да знаеме како ни се третираат децата

Орце Костов