Вчера, околу 14 часот во кочанската полициската станица Ѓ.А.(59) пријавила дека нејзината 11-годишна внука доброволно заминала во куќата на А.Р.(19). Таа сакала да му биде сопруга.
Иако ова се случило без согласност на семејството, тој истиот ден го силувал девојчето.
По целосното расчистување и документирање на случајот полицијата ќе поднесе кривична пријава против А.Р. за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.