Силување во Виница

Од:

Полицијата вчера добила пријава за силување на шеснаесетгодишна малолетничка на градскиот стадион во Виница.

Во претпладневните часови во Виница на градскиот стадион У.Ќ.(18) од Виница извршил кривично дело „силување“ над шеснаесетгодишна малолетничка, соопшти полицијата.

Околу 7:30 часот малолетничката заминала на настава во средно училиште, од каде за време на одморот У.Ќ. насилно ја однел кај стадионот и побарал да остане во Виница со него, и да не оди во Германија. Откако малолетничката се спротивставила, тој ги врзал рацете, нозете и устата со фластер, по што го извршил кривичното дело, посочи полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Кочани. По наредба на Јавен обвинител, У.Ќ. бил лишен од слобода и задржан во ПС-Виница.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Млади Авганистанци силуваa 15-годишно девојче во парк во Англија – осудени се на високи казни

А1он

Ја силувал и ја уценувал, и се јавувал на сопругата да му донесе кокаин за да не ја убие жртвата

Катерина Ѓуровски

Уапсени се Кинези во Србија осомничени за киднапирање и силување

Горан Наумовски

Малолетник силуваше девојче, а негов другар снимаше со телефон

Силување во Дојран: Не смееш да бидеш со друг

Хорор во дебарско: Жена грабната од дома, претепана и силувана