27 годишен затвореник во Штипскиот затвор бил силуван од други двајца затвореници едниот од Радовиш и другиот од Струмица.
Двајцата силувачи прво го нападнале затвореникот и го мавале по целото тело, а потоа го гореле и со цигара. Тие му ги врзале потоа рацете и додека едниот го држел на квреветот другиот, затвореникот од Радовиш го силувал.
Му се заканиле дека ако каже за ова ќе го убијат.
Следниот ден повторно бил силуван, по што пријавил на Управат за затворот. Нему му е извршен преглед во Медициснкиот центар во Штип, а двајцата силувачи го признале делото.
Против затвореникот од Радовиш ќе биде поднесена пријава за кривично дело „силување“ а против затвореникот од Струмица за кривичното дело помагање за силување.