Силуван малолетник, 13-годишно девојче злоставувано од таткото – грозоморни случаи во Кавадарци

Од:

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка за два одвоени случаи во кои има сомненија за кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 од Кривичниот зaконик, соопшти денеска Јавното обвнителство.

Во првиот случај, информира ЈО, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик. Тие имале сексуални односи пред малолетно дете, кое ги снимало со мобилен телефон.

– Во јули лани, додека детето имало 14 години, еден од двајцата осомничени повеќе пати го наведувал малолетникот на сексуални односи со него за што му давал одредени парични средства. Јавниот обвинител предложи мерка притвор за осомничениот за силување на дете, за кое е запретена казна затвор од најмалку 8 години, се вели во соопштението.

Како што соопшти ЈО, кавадаречкото обвинителство води постапка и предложило мерка притвор и против татко од Кавадарци осомничен за други полови дејствија спрема неговата 13-годишна ќерка. Тој во алкохолизирана состојба го допирал девојчето во повеќе наврати, со што постои сомнение дека сторил кривично дело од ставот 5 на членот 188 за кое е запретена казна затвор од најмалку три години, соопшти Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Ленче Ристоска: Не е точно тврдењето на државниот обвинител Савески дека предметот „Талир 2″ ќе беше во мое надлежно постапување доколку не поднесов оставка

Предраг Петровиќ

Британец фрлал камења кон даночни контолори кај „Камени кукли“, сопруг е на Стојна која се поврзува со спорот околу локалитетот

Катерина Ѓуровски

Починат мигрант пронајден кај Мрзенци, телото испратено на обдукција

Обвинителството покренува истрага, АХВ со вонредни контроли по сомнежите дека гостиварци пиеле загадена вода

Катерина Ѓуровски

Кривична за вработена во Министерството за здравство: не направила контрола во фирма за производство на медицински канабис

Сопружници од Скопје го убиле лекарот Ацо Трповски чие тело беше пронајдено пред повеќе од две години