Силувач обљубил малолетно девојче од Петровец, ќерка на негов колега од работа

Од:

Родители од скопското село Петровец пријавиле во полиција дека колега од работа на таткото, пред една година ја силувал нивната малолетна ќерка, а минатиот месец се обидел да го повтори делото, соопшти МВР.

„На 19.07.2021 во 10.45 часот во Полициското одделение Петровец, 36-годишна жена од скопско село пријавила дека во текот на јули 2020 А.А., колега на нејзиниот сопруг, извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. Како што е пријавено, пред еден месец тој повторно се обидел да изврши обљуба врз малолетничката, но родителите за овие настани дознале отпосле“, се вели во соопштението.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи