Силно невреме во Македонска Каменица

Од:

Општина Македонска Каменица синоќа беше зафатена од интензивни врнежи од пороен дожд, град и силни електрични атмосферски празнења. Поради огромните количини наносен материјал од Јавното претпријатие „Камена Река”, информираа дека градежна механизација со неколку екипи, веднаш се упатила на терен со цел санирање на состојбата.

– Нашите вработени реагираа на повеќе места каде беа констатирани поголеми количини на наносен материјал. Кон чистење на критичните места се пристапи веднаш, а со цел следење на состојбата, екипите дежураа на терен и во текот на доцните вечерни часови, наведуваат од „Камена Река”.

Чистењето и санацијата на настанатите штети, како што додаваат, треба да продолжат во раните утрински часови.

По престанувањето на врнежите ситуацијата е ставена под контрола, при што не се констатирани поголеми штети по имотите на жителите во индивидуалните и колективни живеалишта на територијата на Општината.

Во случај на повторна појава на електрични празнења, на граѓаните им се препорачува да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја. Сточарите пак, своите стада да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат од опасности предизвикани од честите атмосферски празнења.

Би можело да ве интересира

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица

Пријава за поткуп за глас во Македонска Каменица

А1он

Сообраќајот кон Делчево и Каменица се пренасочува поради одрони

Жарко Настоски

Нормализиран собраќајот на регионалниот пат Делчево – М. Каменица

Жарко Настоски

Граѓанско учество во креирање на општинскиот буџет во Македонска Каменица

Ана Ололовска