ВИДЕО: Речиси 35 пати поголема загаденост од дозволеното во Скопје по силниот ветер

Од:

Силниот ветер кој што попладнево го зафати Скопје придонесе за екстремно загадување на воздухот во главниот град.

Мерните станици на министерството за животна средина покажуваат загаденост до 35 пати над дозволеното.

Скопје попладнево го зафати силен ветер со брзина од 90 километри на час

Скопје попладнево го зафати силен ветер со брзина од 90 километри на час со кој се означува почеток на поларниот бран кој вечерва доаѓа во земјава. Силниот ветер замагли делови од Скопје поради огромната прашина која се крена во воздухот. Температурата се очекува да се спушти за десетина степени надолу. Повеќе на https://a1on.mk/archives/952360

Posted by A1on.mk on Понеделник, 24 септември 2018

Мерната станица во Центар покажува 864 мигрограми на метар кубен ПМ2,5 честички и 662 микрограми на метар кубен ПМ10 честички. Загадено е и кај Ректорат, каде што мерната станица покажува 683 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, додека во Карпош има 181 мигкрограм на метар кубен ПМ10 честички.

Максималната граница на дозволени ПМ2,5 честички е 25 микирограми на метар кубен.

Мобилната станица во Бутел покажа 280 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.

Загаденоста се зголеми и во останатите градови од Македонија. Во Куманово највисока загаденост забележана денеска беше 330 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, а во Тетово 220.

Силниот ветер ја крена прашината од неисчистените улици и градилишта во градовите, поради што се создаде магла, која што е штетна и тешка за дишење.

Би можело да ве интересира

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

Мртва жена е пронајдена во нејзиниот дом во Скопје

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Паднати дрвја, поплави и сообраќајни пречки на неколку локации во Скопје

Горан Наумовски

Скопје го зафати невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и интензивна појава на град

Горан Наумовски