Вечерва околу 20.40 часот, на првиот кат од зградата број 41 на булеварот Видое Смилевски Бато во скопската населба Ново Лисиче, се запалил мопед, јави Плусинфо.
Мопедот експлодирал, а од запалените гуми се зачадиле ходниците во зградата.
Станарите, според порталот, веднаш ги алармирале полицијата, пожарната и Итната помош. Повредени нема, само околните жители се вознемириле од силната експлозија.