Сиљановска во Карпош: Крајот на власта е на повидок

Од:

Потребно е во вториот круг дополнително да се охрабриме, да разговараме со нашите пријатели кои имаат различни причини за бојкот на изборите, рече Сиљановска Давкова денеска во Карпош.

Да им ја објасниме важноста на овие избори. Да ги убедиме да излезат и да гласаат за право и правда во Македонија. Ќе разговарам лично со луѓе од бојкотирам, ќе разговарам лично со сите граѓанки и граѓани, без разлика на етничка, верска или било каква припадност. Силата на аргументите мора да победи. Вистината е на наша страна. Мораме да донесеме право и правда во Македонија. Време е!, додаде Сиљановска.

Таа рече дека на 5ти мај граѓаните гордо за гордата Македонија ќе гласаат и ќе победи. Бидејќи крајот на власта е на повидок, а нејзината победа веќе е на дофат.

Сиљановска Давкова на граѓаните им вети на граѓаните дека кога ќе победи на претседателските избори ќе се избори светлината на правото и правдината да завладее во Република Македонија и да се стави крај на заевизмот кој што нанесе само зло на државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија