Сиљановска во Аеродром: Ова место е далеку од ЕУ, уште еднаш ќе слушнете дека нема да почнеме преговори

Од:

Важна е демократијата во општеството без која нема ниту Европска унија, ниту НАТО, порача Сиљановска Давкова вечерва во Аеродром.

– Собранието треба да биде најспрестижната школа за демократија во која низ дијалог со аргументи со различни ставови на граѓаните се трага по консензус за најважните решенија. Не со тиранија на мнозинството, не со купопродажба на гласови, не со кршење на Уставот и законите зашто не сме ги овластиле за тоа, не сами со себе, не така како што ќе им каже лидерот на партијата на власт, зошто тоа не е Собрание и школа на демократија туку узурпиран народен простор, рече Силјановска.

Таа потенцираше дека без поделба на власта на законодавна, извршна и судска не може да постои демократија.

– Трите власти мора да се ограничуваат меѓусебе со спреги и кочници, за ниту една да не се издигне, зошто ако се издигне една над другите тогаш жртви ќе бидеме ние граѓаните, односно нашите човекови слободи и права, наведе Силјановска.

Таа, меѓу останатото, истакна дека на премиерот не му е местото во изборната кампања, затоа што, посочи, тој мора да ја претставува државата и претпладне не смее да биде држава, а попладне партија.

– Тоа важи и за сите министри. Тоа е проблем на демократски дефицит, значи дека во оваа земја нема демократија, а каде што нема демократија нема ниту ЕУ и НАТО. За ЕУ и НАТО треба да сте пристојно место за живеење. Ова место е далеку од ЕУ, уште еднаш ќе слушнете дека нема да почнеме преговори, рече Силјановска.

Ако сакаме да ја донесеме ЕУ дома, дополни, треба да си победиме на претседателските избори не заради мене, туку заради почеток на крајот на една тажна 2,5 годишна сага, на една драма која беше повеќе трагедија, а напати и комедија.

– За жал, ние бевме статисти, а не главни актери, време е да си ги земеме работиме во свои раце, да ги делегитимираме изборно и да им покажеме дека власта ја дава и ја зема народот, кој тие го заборавија за време на референдумот. Ние молчејќи го кажавме најгласноти – не а тие не не слушнаа.

Си продолжија без нас да го менуваат Уставот, заборавајќи дека суверенот се граѓаните, а не 80 или 81 пратеник. Затоа ова – не на претседателските избори треба да значи предупредување дека опасно е кога на едно место ќе бидат сите три власти, рече Силјановска.

Поразот на претседателските избори, дополни таа, ќе предизвика логично потреба од нов демократси бран, наречен нови предвремени парламенрни избори што ќе донесат ново парламентарно мнозинство.

Силјановска најави дека најмалку 12 пати во годината ќе се појави на собраниската говорница за да ги адресира проблемите на најранливите категории граѓани во државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски барајќи поддршка за изборите рече дека идниот претседател на државата ќе биде жена.

Упати критики до власта, обвинувајќи ја дека го урнала националниот и државниот идентитет, дека тргува со гласовите на земјоделците, ја уценува администрацијата.

Подготвени сме, рече Мицкоски, да признаеме и да се извиниме за сето она кое сме го погрешиле во минатото. Подготвени сме тоа да го направиме. Човек што работи и греши. Истовремено сме подготвени да понудиме заедно со вас решенија да ги исправиме тие грешки.

Да понудиме нови политики, да гледате изморени политичари коишто заедно со вас, со народот ќе работат на проектите за развој на Македонија. Затоа ни е потребен првиот чекор, а тоа е победа на 21 април и победа на 5 мај, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Првична поекција на изборните резултати за Европскиот парламент: Либералите и Зелените во минус

A1on

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент