Сиљановска: Студентите се мојата гордост и надеж

Од:

Сиљановска Давкова оствари кратка средба со студентите на Граѓанскиот штаб од кои што доби поддршка за победа во вториот круг на претседателските избори на 5 мај, а и подарија и портрет кои самите тие го изработиле.

Сиљановска Давкова истакна дека токму студентите се нејзина гордост и надеж како и дека младите се иднината на Македонија, а таа како професорка и идна претседателка ќе се потруди тие својата иднина да ја градат токму во својата земја, бидејќи како што рече таа е секогаш на страната на младите.

Студентите се мојата гордост и надеж. Денес од моите студенти Роми добив портрет кои тие го изработиле. Им благодарам од срце. Младите се иднината на Македонија, а јас секогаш сум била на нивна страна. Ги повикувам да застанат на моја страна,на страната за право и правда во Македонија, вели Сиљановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември