Кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова од Неготино повторно порача дека “се лажат ако мислат дека со заборавот да ја интонираат химната која е основниот симбол на Република Македонија дека ќе го удоволат гостинот од Грција, не, никој не ги почитува оние кои не се почитуваат себеси, никој не ги почитува оние кои забораваат да бидат патриоти, чуен грчкиот патриотизам, ама глеткава овде зборува и за македонски патриотизам“.
-Додека сте вие овде и додека ние сме живи химната ќе биде со нас. Се разбира, можеби тие нема да ја интонираат ама идната претседателка на Република Македонија нема да застане пред ниту еден странец ако прво не ја чуе химната на Република Македонија. Срамота е да заборавиме дека химните не случајно се создавале, тие секогаш одвлече рака под рака со државата Македонија. Никој не се запрашал, никој не споменал, никој не помислил на АСНОМ дека некоја друга песма може да биде нашата химна, никој.
Тоа е песната на нашите партизани, тоа е песмата на оние кои умирале за Македонија, и замислете сега ние доживеавме оној кој што треба да се колне во химната зошто таа е за Македонија, да ја заборави. Мислам дека дури веројатно создал недоверба. Сигурно се чуди дури и господинот Ципрас каков ли е овој премиер кој се му исполнува што ќе побара, па дури и да не ја интонира химната за да не го навреди, рече Силјановска.
-Се фалат со европеизација, не критикуваат дека сме анахронизам, дека живееме во минатото, дека не гледаме кон Европа, дека не сме способни да градиме пријателства, дека ги отвориле портите на Европа а ние им ги затвораме. Тоа не е точно. Во Европа не се оди без владеење на правото, во Европа не се оди потонати во криминал и корупција, во Европа не се оди на сицилијански начин со формираните фамилии при вработувањето. Не, европски живеат само тие, тие живеат во Брисел, а народот што го гледам овде крај не може со крај да врзе и се разбира меѓу вас најмладите над речиси 58 проценти, слушам деновиве уште повеќе порасна процентот, размислуваат кога, каде и како да заминат, одвај ги чекаат европјанитезошто тие тие се исто толку образовани, умни и креативни како нив ама овде никој не се бори за нив. На првото прашање зошто си заминувате од Македонија, тие велат: нема живот во оваа земја.
А овие на власт дојдоа со паролата „за живот„. Нам животот ни е загрозен. Не само заради високите концентрации на загаденост туку и заради валканата политика со која што се фалат. Ако мандатот, половина од мандатот на 26 министри, замислете само во предлагањето, одобрувањето, прифаќањето на решенија што не сме ни ги сонувале дека ќе ни се случат после толку години, после 75 години самостојна и независна Македонија, сигурна сум дека остатокот од времето доколку останат а не мислам дека ќе останат, ќе им помине во исполнувањето на ветеното, а што е тоа?
Секој ден гледаме, дел по дел од нашиот идентитет се обидуваат да ни го земат. Всушност и еден мој колега во момент на искреност во Солун напиша: „Ние Грците успеавме во пониовата историја да сториме нешто што никој не успеал, да го редизајнираме идентитетот на соседот, но и на нивните предци и на нивните идни генерации. Да ја смениме нивната историја, нивната култура“. Тоа е искреност од грчка страна. Но нашиот премиер и оние околу него велат дека сме го зајакнале идентитетот, кажа Силјановска.