Силјановска: Пазарот во Гостивар е одличен пример за мултикултурно општество

Од:

Вчера кандидатот за претседател на Република Македонија, Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова заедно со Ердоган Сарач, претседател на Движење за национално единство на Турците во Македонија (ДНЕТ) вчера остварија посета на пазарот во Гостивар.

При посетата на пазарот во Гостивар, Гордана Силјановска Давкова истакна дека токму овој пазар е пример за мултикултурно општество, каде се спојуваат различни култури, религии.

„Пазарот во Гостивар е одличен пример за мултикултурно општество, спој на различни култури и религии и најдобар пример за власта да сфати како треба да функционира општеството. Не како пазар на две етнички групи туку како збир на сите граѓани без разлика на потеклото“ – посочи Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова исто така при посетата додаде дека пазарот во Гостивар е слика на Република Македонија, бидејќи во нашата држава живеат луѓе со различна култура, јазик, религија, обичаи, токму различноста е убавината на нашата држава. Спојот на различностите Македонија ја прават поубава и посилна.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме