Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими Марко Маковец, заменик директорот во Европската служба за надворешни работи, во пресрет на одржувањето на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

На средбата биле разменети мислења за напредокот на македонските евроинтеграции, перспективите и натамошните чекори во однос на пристапниот процес кон Европската Унија.

„Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна потребата од забрзување и напредок во процесот кон членство во Европската Унија, како наша стратешка определба, што истовремено е од клучна важност за севкупната стабилност и просперит на поширокиот регион. Таа порача дека за одржување на кредибилноста на проширувањето на ЕУ, неопходно е да се почитува мериторниот процес на интеграција и вреднувањето на исполнувањето на копенхагенските критериуми не смее да трпи поради билатерални прашања и политички потези на одредени земји членки на ЕУ“, се вели во соопштението на претседателскиот кабинет.

Во разговорот, претседателката Сиљановска Давкова истакнала дека македонските државни институции во иднина ќе вложуваат максимални напори со цел доследна имплементација на реформите и дека ќе настојува на политички и општествен консензус во однос на реформската агенда и усвојувањето закони за кои е предвидено европско знаменце.

Би можело да ве интересира

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Сиљановска-Давкова: Користењето владин авион е и поевтино од комерцијален лет

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ