А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Силјановска и Мицкоски во дводневна посета на Брисел

by А1он20/03/2019 - 09:44109
Share0

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и кандидатката за претседател, поддржана опозицијата, Гордана Силјаноска Давкова денеска и утре ќе престојуваат во посета на Брисел седиштето на Европската Унија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во рамките на посетата ќе земат учество на политичкото Собрание на Европската Народна Партија каде членуваат најголемите сестрински десничарски партии во Европа меѓу кои се партиите на германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Романија Клаус Лоханис, премиерот на Унгарија Виктор Орбан, австрискиот канцелар, Себастијан Курц, хрватскиот премиер Андрија Пленковиќ.

Притоа се очекува да се остварат и повеќе билатерални средби со официјални лица на Европската Народна Партија и претставници на Европскиот Парламент. Се очекуваат средби со Едвард Кукан кој е и известувач за Македонија во Европскиот Парламент, европратеничката Марија Петир, Манфред Вебер кандидат за претседател на Европската Комисија и актуелен претседавач со групата на Европската Народна Партија во ЕП, со Дејвид Мекалистер потпретседател на Европската Народна Партија и претседавач на комисијата за надворешни работи на ЕП, како и со претседателот на Европската народна партија Жосеф Дол. Се очекуваат и разговори со хрватскиот премиер Пленковиќ, лидерот на најголемата словенечка партија Јанез Јанша како и со повеќе лидери на младинските движења и развојни политики во рамките на Европската Унија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека средбите ќе бидат искористени за афирмирање на стратешката цел за напредок на европската агенда на државата, пренесување на загриженоста со актуелната политичка состојба во земјава врзана со недостатокот на правда, нарушената правна држава и самоволието на владините механизми, како и економската стагнација на земјава.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Ќе се разговара и за понудување на решенија кои ќе обезбедат зголемена сигурност на граѓаните и владеење на правото како и ќе биде нотирана потребата за организирање на фер и демократски изборен процес, кој е загрозен од повеќе недемократски чекори на власта. Воедно ќе биде искористен престојот за промоција на целите и размислувањата на кандидатот за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова во поглед стратешкото ориентирање и предводење на Република Македонија во остварување на стратешките цели“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во рамките на партиската делегација се и потпретседателот, Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка, Тимчо Муцунски.

dpmne

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео