Силјановска-Давкова: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне од правото и правдата, тоа го бара ЕУ

Од:

Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1 на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денеска посочи дека правото и правдата се клучни елементи и затоа мора да се почне со нив и да се стави акцентот во овие области.

Говорејќи за актуелната политичка ситуација, Силјановска рече дека е крајно време со политика да се занимаваат луѓе кои се реализирани, кои не се корумпирани, кои не се криминализирани.

„Првото нешто што ни го бара Европската унија е владеење на правото, затоа мора се да почне оттука. Тоа е клучно. Се ќе биде поинаку ако во Собранието седнат луѓе со знаење, ќе можеме со аргументи да правиме консензус за политики“, кажа Силјановска.

Професорката се осврна и за тоа кога еден јазик станува официјален во ЕУ.

„Тоа е редовна процедура. Во ЕУ постои рамка за употреба на јазиците, што значи тоа – кога ќе завршат преговорите се пристапува кон склучување на договор,  тоа е прво ниво, второ ниво е регулатива број 1 од 1958 година и на таа регулатива се поднесува амандман за јазикот на државата која влегува во ЕУ. И со овој последен чекор или со амандман јазикот на државата која станува полноправна членка во ЕУ станува и официјален јазик во ЕУ“, рече Силјановска која укажа дека мултилингвализмот е главно во Европскиот парламент, а оти другите институции на
ЕУ  секоја има различно утврдени официјални јазици.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова од Треблинка: Нема да дозволиме да се избрише болната меморија за Холокаустот и за нашите македонски Евреи

А1он

Сиљановска-Давкова: Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот

Седница на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

Сиљановска-Давкова: Билатерализацијата на евроинтеграцијата нема да биде осамен пример, членките на ЕУ треба да ја превенираат

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни

А1он

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон

Катерина Ѓуровски