Силјановска-Давкова: Владата го заборави угостителството, ќе го намалиме ДДВ за секторот

Од:

Носителката на листата во изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Гордана Силјаноска – Давкова денеска изјави дека владата на чело на СДСМ целосно го заборавила угостителскиот сектор и дека мерките кои ги носеше биле задоцнети, и недоволни со што угостителскиот сектор во моментов се соочува со целосен крах.

„Владата го заборави угостителството или многу доцна виде дека угостителите имаат големи проблеми врзани за отсуството граѓани заради опасноста од зараза со Ковид 19. Потем реагираше но чинам дека реакциите на угостителите беа дека тоа целосно недоволно„ истакна Силјаноска- Давкова.

Дополнително Силјаноска – Давкова како носителка на изборна единица 1 потенцираше дека ВМРО ДПМНЕ има подготвено стратегија и мерки кои ќе значат заздравување на целокупната економија а со тоа и рехабилитирање на угостителскиот сектор.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова и Милатовиќ: Политичката волја во ЕУ клучна за забрзување на проширувањето

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Милановиќ: Македонија во ЕУ не е „маратон“, туку „гладијаторска борба“ со нерамноправни услови

А1он

Сиљановска Давкова – Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае

Сиљановска-Давкова од Треблинка: Нема да дозволиме да се избрише болната меморија за Холокаустот и за нашите македонски Евреи

А1он