Силјановска-Давкова: Прифативте уставни измени преку протоколот, а заборавивте дека не сте законодавен орган

Од:

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ја критикуваше Владата што прифатила наметнати уставни измени кои не одат рака под рака со европските вредности, а како експерт по право им порача на пратениците од мнозинството дека Устав не се менува во последна година од мандатот и без да се прашаат граѓаните за тоа.

– Устав не се менува во последна година од мандатот на Собрание, а сега од еден ренесансен министер слушнавме дека можел процесот да заврши до крајот на мандатот на пратениците.

Што велат граѓаните, од каде го добивте мандатот од ЕУ или од нас? Не треба ли да ги прашаме граѓаните дали се за ваква измена. Вие ги прифативте уставните измени и се согласивте да ја прифативте преговарачката рамка преку протоколот ама заборавивте дека не сте законодавен орган.

Заборавивте дека член 120 предвидува одлучување за влез во ЕУ со двотретинско мнозинство по кое е потребен референдум на кој треба да гласаат 50% од запишаните избирачи – истакна професорката.

Таа демантира дека нејзината пратеничка била против Бугарија и против ЕУ. Повика ЕУ и Бугарија да го почитуваат член 8 од Лисабонскиот
договор кој повикува на реципроцитет во меѓународните договори.

– Бугарија е потписник и ја ратификуваше рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, Бугарија има совет за малцинства, таму ги нема Македонците, а мора да ги има.

Јас имам забелешка на сите три амандмани, дури и насловот е погрешен. Никаде нема Устав во кој се зборува за делови од народи, се зборува за заштита на дијаспора надвор. Тажно е, јас денеска ќе ги повикам на заштита Бугарите под други документи, не може именик да правиме од Преамбулата. Најважни се Копенхагеншките критериуми оти не смее патот да води до Брисел преку Софија.

Јас граѓани, ве уверувам дека ќе гласаме по сопствено убедување и дека камбаните овојпат ќе бијат за Македонија. Крајно време е да покажеме дека сме држава која на патот кон ЕУ сака да оди како сите денешни членки. Затоа мислам дека овој предлог не треба да се поддржи и треба да се прашаат граѓаните на избори – додаде Силјановска- Давкова.

Би можело да ве интересира

Силјановска Давкова: Каква држава ќе создадемe, таква држава ќе имаме

А1он

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање