Силјановска Давкова: Наследничката на Меркел ми даде целосна поддршка за победа на изборите

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со делегација од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со кандидатот за претседател Гордана Силјановска-Давкова, денеска оствари повеќе средби со европратениците во Брисел.

Мицкоски на средбата со соговорниците ја истакна лошата состојба во која се наоѓаат Република Македонија и граѓаните поради, како што рече, лошите политики што ги спроведува актуелната влада.

„Разговаравме за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, за политичкиот прогон, за лошата економска ситуација, разговаравме за отсуството на реформи, трговијата со правото и правдината, притисокот што го прави Владата на СДСМ во Република Македонија, така што, практично, разговаравме за сите оние негативни случувања на кои сега македонската јавност е сведок пред претседателските избори и побаравме, се разбира, од нашите соговорници да интервенираат кај македонските властодршци“, рече Мицкоски, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека е многу значајно Република Македонија, конечно, да добие датум за почнување на преговори со Европската Унија.

Силјановска Давкова постираше фотографии со наследничката во партијата на Ангела Меркел.

Денеска во Европскиот Парламент се запознав со Европската народна партија и се сретнав со многу европски политичари. Добив поддршка од Дорис Пак со која разменивме мислења за улогата на жените во политиката. Но, би издвоила дека Крамп-Каранбауер, новата лидерка на владеачката Христијан демократска унија, наследничката на Ангела Меркел, ми даде целосна поддршка за победа на претстојните избори, напиша на социјалнит мрежи Силјановска Давкова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Оставка за скандалозните помилувања од Сиљановска и одговорност од нарачателите

Предраг Петровиќ

Заради Пендаровски и Османи имаме 17 непополнети амбасади-Силјановска Давкова обвини дека партиските несогласувања ни ја диктираат дипломатијата

СДСМ: ДПМНЕ фатени во лага, дали ги фалсификуваа потписите за Силјановска?

Законот поради кој имаше тепачка не може да одредува пензионирање на судии и обвинители, објаснува Силјановска-Давкова

Силјановска бара двајца, наместо пет потпретседатели, а Џафери да биде неутрален како папа

СДСМ: Силјановска е на иста линија со Мицкоски и Груевски, поддржувач на режимот и транзициски профитер

А1он