Силјановска-Давкова: Лице со оштетен вид или слух кое е стручно, треба да добие работа

Од:

Кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова го посети Националниот сојуз на слепи на Република Македонија за да поразговара за нивните секојдневни пречки за нормално функционирање. Таа ја промовираше и својата аудио програма наменета за лица со оштетен вид.

Силјановска рече дека правичната и соодветна застапеност се гледа само низ очите, низ призмата, низ интересот на етничката припадност и оцени дека тоа не треба да биде така бидејќи основен критерум се стручноста и компетентноста.

„По нивната сметка, најчесто партиска, колкав процент на Турци, Албанци, Роми, Власи и Македонци има во општеството, Срби, Бошњаци, толкав процент треба да има во сите државни и јавни институции. Многу погрешен пристап“, оцени Силјановска.

Таа најави дека стане претседател ќе се заложи селекцијата да се прави на база на тоа дека сите се еднакви без оглед на нивната етничка, расна, верска, социјална или друга припадност. Силјановска вели дека врз основа на тоа ако се работи за лице кое има проблем и со видот, или ако се работи за особа која има проблеми со слухот, а таа е стручна и компетентна, таа треба да биде примена.

„И по основ да речеме по родова припадност, жена ама и по основ на предноста и можноста на друг начин да ги изрази способностите. Само така ние ќе го освестиме општеството, секаде каде што сме сите да имаме еднаквост на шансите“, рече Силјановска.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме