Силјановска – Давкова: Легитимитетот на претседателот треба да извира од граѓаните

Од:

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска – Давкова вечерва од митингот во Кисела Вода порача дека ако биде избрана за шеф на државата, нема да прави никаква разлика меѓу граѓаните, по ниту една основа, партиска, етничка, верска или социјална, туку напротив, како што рече, ќе ги обединува и ќе ги претставува сите подеднакво. И не е точно, напомена, дека сме против Албанци, Турци или кој било друг, само не сакаме да правиме пазари врз етничка и верска основа, сакаме еднакво да се однесуваме со сите.

Според Силјановска – Давкова, легитимитетот на претседателот треба да извира од граѓаните и тоа е најдоброто решение за демократијата. Таа повтори дека е против шефот на државата да се бира во Собранието. Потенцира и дека земјава сака да биде дел од европското семејство каде историски, географски и културно припаѓа, но само доколку се почитува нејзината различност, како што се респектираат различностите на членките на Унијата и на другите кандидати за членство.

Доаѓа времето на умните и мудри жени, напомена Силјановска – Давкова напомена, поради, како што нагласи, машката потреба од помош секаде, па и во политиката.

-Македонија не го заслужува ова што и се случува. Немаме право тоа што сме го наследиле да го нагрдиме, имаме обврска да го сочуваме, да го европеизираме и да остенеме горди на единственото место на кое имаме татковина. Да, ние сме дел од Европа, историски, географски и културно и сакаме да биде дел од европското семејство. Како што ги почитувате различностите на оние внатре и на другите кандидати, така да имате ист однос и кон нас. Сакаме да градиме држава по европски модел и европски терк и ве молиме да се залагате за европските стандарди и кога сме ние на дневен ред. Ако сите вие во Европа велите дека Уставот е највнатрешната работа, тогаш ве молиме да имате разбирање и за нашиот Устав зашто тој е закон над законите. Немаме ништо против уставни измени со кои ќе се гарантираат европските стандарди во сите области ама ве молиме, немојте да прифаќате диктати од соседи што се спротвни на европските вреддости и на европското уставно право, бидејќи ние ќе го браниме европското уставно право. Не можам едно да им предавам на студентитите за европското уставно право, а друго да правам во реалноста, истакна Силјановска – Давкова.

Таа дополни и дека нема гордост без национални и државни интереси кои, објасни, се компатибилни со европските.

Силјановска – Давкова се осврна и на уставните измени. Потсети дека не постои држава во Европа која за 30 години имала 36 амандамни, односно измени на Уставот.

-Би ги разбрала амандманите ако воделе кон европеизација како услов за евроинтеграција, односно кога би граделе европски стандарди – правна држава, слободи и права, малцински права, пазарна економија, одговорно и сигурно здравство, компетитивно образование, сериозна надворешна политика,…, но ние не сме таква држава. Луѓето бегаат од тука зашто ова не е правна држава, туку олигархиско гнездо, рече Силјановска – Давкова.

За изборот на претседател во Собранието уште еднаш кажа дека е против, зашто ја потетува, како што рече, на социјализмот и комунизмот кога партијата кажувала кој на кое место ќе биде назначен.

-Ако претседателот се бира во Собранието, ни се заканува опасност сите власти да бидат на едно место и за тоа кој ќе биде на која функција да не се одлучува транспарентно, туку надвор од Парламентот, а се овозможува и пазарите да бидат во игра, без притоа да се бираат најдобрите, посочи Силјановска – Давкова.

Таа претходно, придружувана од партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ, беше и во општините Петровец и Центар.

Претсдетаелот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Општина Центар уште еднаш порача дека на претстојните избори ќе се гласа или за земјава да биде повторно горда или за „Македонија каква што ја сакаат ДУИ и измеќарите од СДСМ“.

-Македонија е тргната во погрешен правец, народот нема доверба во институциите. Криминалот го има на секое ниво, во затвор се оди за тегли ајвар, а никој не одговара за украдени милиони, истакна Мицкоски.

Партискиот лидер уште еднаш кажа дека ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа избор на претседател во Палраментот и побара од претседателскиот кандидат Стево Пендаровски јавно да каже дали условот на ДУИ за избор на претседател во Собранието за него е прифатлив.

-Вчера го слушам Артан Груби како го поставува условот за поддршка на ДУИ за вториот круг од претседателските избори. Ајде што го пуштија Бујар Османи „низ вода“ туку и јавно порачаа дека условот е прифаќање на промена на Уставот со цел избор на претседател на државата во Собрание, по теркот на Али Ахмети. За ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека ова не е прифатливо, главното прашање е кој е ставот на измеќарот Пендаровски за овој услов на ДУИ и Али Ахмети. Излегоа утрово од неговиот Кабинет срамежливо да кажат дека подобро би било да се избира на непосредни избори. Стево, излези, еве имаш можност, денес, утре на некој од оние полупразни настани и кажи дали за тебе е прифатливо во иднина да се промени Уставот и претседателот на Македонија да се избира во Собранието, а не на непосредни избори како што се правеше досега. Дали сакаш да го суспендираш народниот глас, суверенот во Македонија и сакаш да дозволиш таму некаде во некоја канцеларија во Зајас да се кори судбината и иднината на Македонија, нагласи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ констатира и дека Ковачевски и Пендаровски веќе 11 дена откако трае кампањата, не кажале ниту една критика за ДУИ.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Соломонско решение е она со одложено дејство

А1он

Сиљановска Давкова: Да ја уредиме сегашноста по мерка на младите

А1он

Сиљановска се сретна со Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

Сиљановска Давкова-Орбан: Како држава не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство во ЕУ

А1он

Сиљановска Давкова: Македонската реформска агенда е најдобро оцената – се доближуваме до европските критериуми, а со тоа и до влезот во ЕУ

А1он

Сиљановска-Давкова: Правниот факултет беше и остана храм на правото и правдата

А1он