Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Од:

Во првото обраќање после изборната победа за претседател, Гордана Силјановска-Давкова рече дека гласовите на граѓаните се непроценлива награда за неа која значи огромна одговорност како идна претседателка на Македонија.

– Најголемата честитка ми е до граѓаните, искрено си се прашувам неколку сааати со што ја заслужив оваа чест. Знам дека се подготвував, се посветив, го зборував она што го мислев, но наградата е непроценлива за мене. Тоа значи огромна одговорност.

Граѓаните покажаа граѓански имунитет и отпорност на притисоците, оти да повикувате на бојкот е партиски притисок. Значи се одважија македонските граѓани да излезат стамено, достоинствено и да го дадат гласот на оној кој што го сакаат.

Не ги убедував граѓаните дека сум најумна, најдобра и секогаш оставав сами да одлучат и мислам дека вистински избор направија. Има ли поголема промена од тоа што жена за прв пат ќе биде претседател. Кога ќе се опкружам со жени околу мене, стамени, со став, тоа за мене е реформски чекор.

Реформски чекор е исто така што многу партии, ново појавени, политички настапија. Опозиција да поддржи опозиција, значи не повикуваа на бојкот, не сатанизираа. Во политиката мора да оставите простор за следниот ден.

Да честитам на ДИК и целата администрација која реагираше на време за да ги спречи инцидентите.

Немав многу време да го следам говорот на Пендаровски, но фатив нешто. Мислам дека критиката на бојкотот и на обидот да се киднапира гласачкото право на граѓаните е добра констатација. Не се согласувам со тезата дека гласовите сум ги добила со набој на национализам.

Ова не е време за триумфализам, не е време за фалби. Среќна сум иако не знам што значи тоа да се чувствува некој како претседател, но ќе направам се за да ги бранам државните и националните интереси. Јас сум горда и на новинарството и на граѓаните во Македонија и на луѓето кои учествуваа во изборниот натпревар – истакна Гордана Силјановска-Давкова.

Би можело да ве интересира

Средба Сиљановска Давкова-Гир: Нашата иднина несомнено е во Европската Унија

Вагнер: Германија нема да дозволи „сиви зони“ во Европа, Северна Македонија има обврска да го почитува Преспанскиот договор

Сиљановска-Давкова ќе се придржува до уставното име, велат од Кабинетот на претседателката

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

Орце Костов

„Еурактив“: Претседателката на Северна Македонија предизвика контроверзии на инаугурацијата

Горан Наумовски

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов