Серија земјотреси во Скопје

Од:

Рано утрово во 6 часот и 58 минути во главниот Скопје и југозападниот дел од Македонија беше почувстуван силен земјотрес, а веднаш по него следуваше уште еден послаб.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека двата земјотреси се почувствувани во Скопје и околината каде се наоѓа епицентарот на потресот.

Првиот се случи во 06 часот и 58 минути со јачина од 3,9 степени по Рихтер, а вториот земјотрес во 06 часот и 59 минути со јачина од 2,8 степени по Рихтер.

Засега нема информации за евентуални штети во близина на епицентарот.

Земјотрес е почувствуван и во јужните делови на Косово, каде што, како и во главниот град, предизвикал вознемиреност кај населението.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Црна Гора

(ВИДЕО) Разорен земјотрес ја погоди Кина, десетици повредени, има и жртви

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Кина

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово