Силен ветар во тетовско оштети автомобил

Од:

Оштетено возило „Фолксваген поло“, сопственост на „ЕВН Македонија“ и прекинат кабел се последиците од паднати дрва од силниот ветар што го зафати денеска тетовското подрачје помеѓу 12 и 14 часот, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Возилото на ЕВН било оштетено на влезот во селото Требош.

Од силниот ветар паднало големо дрво и го оштетило патничкото возило „Фолксваген поло“ кое се нашло на тоа место. Од паѓањето на дрвото, оштетен бил предниот дел од возилото и набрзо по пријавувањето оштетувањето е фотодокументирано, рече Јосифовски.

Според неговите информации второто оштетување се случило во близина на новото училиште во Палатица при пад на дрво што го соборило долу електричниот кабел но не предизвикало посериозни последици. Со интервенција на екипи од „ЕВН Македонија“, кабелот бил вратен во првобитната состојба.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот