Сијарто: Унгарија останува силен поддржувач на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

Од:

Денеска, во официјална посета на Република Македонија престојуваше министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.

За време на разговорите главна тема беше европската и евро-атлантската интеграција на Македонија. Министерот Димитров информираше за проактивните дипломатски напори на Владата на Република Македонија за реализирање на надворешно-политичките приоритети, пред сė добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ и членство во НАТО, како и унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка. Во таа насока, тој кажа: „Решени сме да ја искористиме шансата, да станеме дел од ЕУ и НАТО. Ние припаѓаме во тие заедници. Затоа одлучно чекориме кон нив.”

Министерот Сијарто ја поздрави силната посветеност на Владата на Македонија за спроведување на реформите неопходни за забрзување на европската и евро-атлантската интеграција на земјата. Тој воедно го реафирмира ставот дека Унгарија останува силен поддржувач на Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО.

Воедно, беа разгледани можностите за унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на заемниот интерес за интензивирање на економската соработката. Подготвеноста на двете страни за јакнење на меѓусебната соработка, беше реафирмирана и со потпишувањето на Акциски план за соработка за 2018 година. Акцискиот план потпишан помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија, предвидува конкретни активности за натамошно продлабочување на соработката меѓу Министерствата на двете земји. За време на разговорите, Димитров и Сијарто разменија мислења за состојбите поврзани со миграцијата како и за други поважни регионални и меѓународни прашања.

Во рамките на официјалната посета, министерот Сијарто ќе оствари средби и со замениците на претседателот на Владата на Република Македонија, Бујар Османи и Кочо Анѓушев, а ќе биде примен и од претседателот д-р Ѓорге Иванов, од претседателот на Собранието Талат Џафери и од претседателот на Владата Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

Сијарто: Си Џинпинг ќе посети само две земји во Европската Унија

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов