Шутаров: Арсовска нема пари за субвенционирање парно за скопјани, а има 670.000 за партиски вработувања

Од:

Генералниот секретар на СДММ и советник во Советот на Град Скопје, Гордан Шутаров, вели дека градоначлничката Данела Арсовска не работи ништо и покажува неспособност и незаинтересираност за проблемите на скопјани.

„Наместо да менаџира единствено што прави е постојано да бара пари и помош од Владата. Бара пари од Владата за ЈСП а Владата има обезбедено 70 милиони евра за превоз во Скопје. Бара пари за парно а Владата обезбедува 80% од трошоците за актуелната цена на парното. Во исто време додека бара пари Аросвска вработува 109 партиски војници на ВМРО – ДПМНЕ.

Аросвска нема пари за парно за Скопјани а одвојува 670.000 евра од парите на скопјани за вдомување партиски војници. Тоа се 70% од парите кои Арсовска треба да ги одвои за парното за скопјани, за кое владата покрива 80% од цената.

Арсовска не сака да даде 1 милион евра за парно за скопјани да не добиваат повисоки сметки за парно, но затоа немаат проблем да потрошат 670.000 евра за вдомување на партиски кадри. Несериозни и неодговорни се тврдењата дека Буџетот веќе бил донесен, секој Буџет па и оној на Град Скопје може да претрпи измени, односно да се направи ребаланс, особено во периоди на глобални кризи, како што е енергетската криза. Арсовска, Славевски и ВМРО-ДПМНЕ нека направат ребаланс, нека се откажат од вдомувањето партиски кадри во Град Скопје и ќе успеат да најдат еден милион евра за да се субвенционира покачувањето на топловдната енергија. Недозволиво е градоначалничката на Скопје да покажува целосна негрижа за своите сограѓани, недозволиво е да бара оправдување за нејзината тотална неспособност“, вели Шутаров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски