Шурман: Општина Илинден e „Холандија во мало“

Од:

Амбасадорката на Холандија во Република Македонија, Мариет Шурман денеска престојуваше во работна посета на Општина Илинден.

За време на средбата со градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, амбасадорката Шурман го презентираше проектот за „Интегриран пристап за урбанистичко планирање“.

Станува збор за проект што би се реализирал во соработка со холандска компанија која што има огромно искуство и голем број реализирани проекти во областа на интегрираното урбанистичко планирање и која што има можност во својата работа да користи средства од програмата на холандската влада.

Интегрираниот пристап кон урбанистичкото планирање, покрај визијата за просторниот развој, води сметка и за социјалниот, економскиот и демократскиот момент. Образложувајќи го проектот амбасадорката Шурман истакна дека спецификите што ги има Општина Илинден во контекст на урбанизмот наликуваат на Холандија во мало, па токму затоа е погодна за реализација на овој проект.

Градоначалникот, Жика Стојановски го изрази своето задоволство од досегашната соработка со Холандија на повеќе проекти. Запознавајќи ја амбасадорката со тековните активности и проекти што ги реализира Општина Илинден, тој се заблагодари на досегашната успешна соработка, со уверување дека истата ќе продолжи и во иднина.

Во рамките на посета, амбасадорката Шурман во придружба на градоначалникот Стојановски го посети Домот на култура „Илинден“, првата општинска библиотека, како и новото модуларно училиште каде што за прв пат се воведе средно образование во Општина Илинден.

Би можело да ве интересира

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Мигрант пронајден мртов на железничка станица Илинден – починал од струен удар

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Илинденското востание е врвен аманет

Горан Наумовски

Коцарев: Идентитетството не смее да се доведе во прашање – нам насушно ни треба трет Илинден

СДСМ поднесе Декларација за најголемиот македонски државен празник Илинден

Општина Аеродром: Аеродромци ја испратија 45-та Илинденска коњаница кон Крушево