ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Од:

СДС, Заев и Шукова во 2020 година во предизборната кампања лицемерно ветија на граѓаните дека ќе го решат еколошкиот проблем со Вардариште. СДС во својата програма „Можеме„ на страна 228 изречно се обврзале пред граѓаните дека ќе се зафатат со ремедијација на Вардариште и расчистување на дивите депониите, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Шукова ниту како државен секретар ниту како министер во Министерството за животна средина и просторно планирање не направи ништо во однос на тие ветувања.

Зошто Шукова не го спровела овој проект?

Зошто Шукова и СДС ги лажеа граѓаните на Скопје дека ќе го решат проблемот со Вардариште?

Зошто цел мандат СДС и Шукова го минаа во празни зборови и декларативни изјави без реализација и акција на терен?

Истата таа програма на СДС го наведува и износот од 42 милиони евра како финансиско портфолио за реализација на проектот. Каде завршија тие 42 милиони евра?

Дали СДС и Шукова мислат дека граѓаните имаат кратка меморија за повторно истите лаги да им ги продаваат.

СДС треба да знаат, граѓаните не се наивни, граѓаните знаат кој ветува а кој исполнува.

СДС е класичен пример за неработење, неспособност и политичка манипулација.

СДС и Шукова немаат ниту визија, ниту резултати. СДС и Шукова шират манипулации, популизам и лаги.

ВМРО-ДПМНЕ има реална програма, јасен план и политичка волја за решавање на клучните проблеми на граѓаните, за почиста животна средина како и решавање на еколошките проблеми и поквалитетен живот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!