Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Од:

Потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Каја Шукова, денеска ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје. Таа вети дека ќе биде градоначалничка на сите граѓани, без разлика на нивната политичка припадност, и најави нов модел на управување со градот – професионален, транспарентен и ориентиран кон граѓаните.

На прес-конференцијата во СДСМ, Шукова најави фокус на решенија и конкретни проекти. Таа претстави дел од својата програма, која вклучува чистење на градот, реформи во управувањето со отпад, подобрување на јавниот превоз, борба против урбанистичкиот хаос, дигитализација, борба против корупцијата и враќање на културниот и урбан дух на Скопје.

-Скопје може и мора да биде град за луѓето — чист, уреден, сообраќајно среден, зелен и безбеден. Град со кој ќе се гордееме, кој ќе биде наш дом, а не пазар на интереси, порача Шукова, нагласувајќи дека нејзината кампања е веќе започната со конкретни активности.

Клучните приоритети на Маја Шукова како кандидат за градоначалничка на Скопје се насочени кон создавање функционален, чист и безбеден град, со јасен фокус на решенија кои директно ги засегаат граѓаните.

Таа најави целосно чистење на Скопје и воспоставување ефикасни претпријатија за управување со отпадот, како и конкретен план за подобрување на квалитетот на воздухот и животната средина – области во кои, како што вели, има значително искуство.

Во нејзината програма се вклучени и обнова на јавниот превоз за навремено и удобно движење низ градот, запирање на урбанистичкиот хаос со враќање на контролата на граѓаните врз урбанизмот, како и посветеност на одржување на постојната инфраструктура.

Шукова најавува и реформи за целосна дигитализација и искоренување на корупцијата, враќање на културниот и урбан дух на Скопје, како и зголемување на безбедноста на улиците, со цел секој граѓанин да се чувствува сигурно и удобно во секој дел од градот.

Програмата, како што рече, ќе се надградува преку средби со граѓаните и стручната јавност, со цел да се создаде реален и остварлив план.

Би можело да ве интересира

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна

Си присвоиле 80 милиони денари од Државна лотарија: Истрага против две финансиски раководителки

Предраг Петровиќ

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ