Штрајкот продолжува, Владата понудила 10 посто зголемување, СОНК не прифаќа

Од:

Штрајкот на вработените во образованието и во градинките продолжува соопшти претседателот на СОНК Јаким Неделков кој информираше дека од Владата добиле усна понуда за зголемување на платите за 10 проценти со ребалансот на буџетот во мај или јуни.

– Зголемувањата на платите од 10 отсто воопшто не кореспондира со зголемувањето на минималната плата и не е соодветна стимулација за враќање на достоинството, изјави синдикалниот лидер.

Ја информираме јавноста дека над 95% од синдикалните организации се изјаснија за отфрлање на дадената усна понуда рече Неделков.

Членовите на СОНК сметаат дека надлежните во преговорите кои траат два месеца реално не дале никаков конкретен предлог на доставените писмени барања од страна на СОНК.

Освен Барањето за усогласување на платите по основ на покачување на минималната плата, Советот на СОНК доставил и други барања поврзани со
склучување на нови колективни договори, за коишто воопшто не било преговарано соопштија од СОНК на денешната прес конференција.

Членовите на СОНК сметаат дека едно од најважните прашања е договорот со Владата за усогласување на платите по Колективен договор, за коишто се спремни да се прави во динамика од 2 години.

– Советот на СОНК е подготвен да има интензивни и рационални преговори со Владата, на коишто би се усогласиле спорните прашања и би се потпишала Спогодба, како би можело во најкраток можен рок да продолжи воспитнообразовниот процес порача Неделков соопштувајќи го ставот на Синдикатот.

Членовите на СОНК велат дека им е жал за непријатностите со кои се соочуваат родителите,но уште еднаш ги повикаа на разбирање.

Засега и натаму останува барањето за линеарно зголемување на платите за 18,4 отсто, а за тоа дали може да се намали прагот ќе одлучува членството.

Би можело да ве интересира

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите

Наставниците и професорите ќе добиваат плати повисоки за пет проценти, зголемување ќе имаат секоја година

Катерина Ѓуровски

Повисоки плати за наставниците сепак оваа година, Јаневска вели се појавила реална можност

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати