Штрајкот на лекарите се става во мирување

Од:

Постигнат е договор штрајкот на докторите да се стави во мирување, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров по средбата со претставници на синдикатите за здравство.

Тој посочи дека на средбата било договорено секоја здравствена установа да има администратор, кој ќе ги внесува бодовите за сработеното, моделот на плаќање по успешност да биде квартален, со што ќе се намали можноста за санкции, а директорите да имаат обврска да им овозможат на лекарите да сработат доволно.

Сето ова, како што истакна, ќе биде предмет на потпишување на анекс на колективниот договор, кој ќе биде потпишан до крај на неделата, кога ќе бидат обелоденети сите детали од преговорите.

Меѓу другото на средбата е договорено да биде зголемен прагот на толеранција за да се избегнат евентуалните санкции на докторите кои имаат помал учинок.

Претседателот на Самостојниот синдикат на клинички центри и другите здравствени организации Дејан Ставриќ потврди дека штрајкот се става во мирување и оти е постигнат договор за поголем дел од барањата, вклучувајќи и решение за исплата на декемвриската плата, како и да се стопира емитувањето на спотовите за лекарите во медиумите.

На средбата, станало збор и за зголемување на платата на докторите, но сега не се открива за колку проценти. Сите детали за тоа ќе бидат соопштени до крајот на неделата кога се очекува да биде потпишан анекс на колективниот договор.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!