Штрајк во МАНУ: Секретаријатот и стручните едниници бараат повисоки плати

Од:

Вработените во Секретаријатот и стручните единици на Македонската академија на науките и уметностите со допис до медиумите соопштија дека од денеска стапуваат во штрајк и бараат од Претседателството на МАНУ зголемување на нивните плати.

-Стапувањето во штрајк, како основна и легитимна алатка за остварување на нашите работнички права, меѓу другото, произлезе и од незаинтересираноста на Претседателството на МАНУ, како работоводен орган, да изнајде решение за нашата неповолна и недостоинствена положба. Ја информираме јавноста дека академиците немаат статус на вработени лица во МАНУ, туку тие добиваат академска награда, на месечно ниво, со која им се оддава општествено признание за нивната дејност во областа на науката и уметноста, информира Синдикална организација на МАНУ.

Во известувањето наведуваат дека нивните плати односно платите на стручно-административните и техничките работници во МАНУ во просек изнесуваат, како што велат „малку повеќе над минималната плата во државата“ и дека воопшто не се зголемени во последните 15 години.

-Тие останаа несразмерно ниски и со тоа драстично се наруши и повеќедеценискиот установен сооднос меѓу платите на вработените во МАНУ и висината на академската награда и платите на научните соработници. Овој проблем стана особено неиздржлив во последните две години кога, поради економската криза и инфлацијата, вредноста на нашите и онака ниски плати стана уште повеќе девалвирана, пишува во дописот.

Во овој период, како што е наведено, во повеќе наврати се обиделе да изнајдат решение за зголемување на платите, но досега не наишле на разбирање кај Претседателството на МАНУ.

-За жал, Претседателството на МАНУ, а исто така и другите академици, не покажаа нималку загриженост за состојбата во која се наоѓаме, вешто избегнувајќи одговорност за преземање конкретни дејства за решавање на нашите основни егзистенцијални потреби, соопшти Синдикалната организација на МАНУ.

Би можело да ве интересира

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Попов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави

Горан Наумовски

Меџити: Со новата медицинска опрема во МАНУ резултатите готови за еден ден

Академик Живко Попов нов претседател на МАНУ

Промоција на монографијата „Газанфер Бајрам“

Ана Ололовска

Сè уште трае штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ

Ана Ололовска